Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    01.11.2026 во 19:09

    Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци

    01.11.2026 во 18:58

    Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка

    01.11.2026 во 18:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
    • Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
    • Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка
    • Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
    • Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
    • Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
    • 30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров
    • БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале

    01.11.2026 во 19:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле созивршители во две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Во првиот настан, како што информираат од ОЈО, во раните утрински часови на 22 октомври, насилно влегле во куќа во Хром, сопственикот го врзале за рацете и нозете, почнале да го удираат по главата и телото и го задушиле со перница. Потоа пребарувале и претурале низ куќата, од каде одзеле пари и златен накит во вкупна вредност од 300.000 денари.

    Истиот ден во попладневните часови, еден од осомничените ги зел останатите со неговотo возило и ги однел до златарница во Старата скопска чаршија каде го продале златото за износ од 2.840 евра.

    -Ноќта меѓу 26 и 27 октомври осомничените влегле во куќа во Ѓорче Петров, каде со употреба на физичка сила ја нападнале сопственичката, почнале да ја удираат по главата и телото, и ги врзале рацете, нозете и устатата и ја внеле во купатилото. Жртвата починала од ударите, а тие од куќата одзеле пари, накит и вредни предмети, во вкупна вредност од околу 200.000 денари. На сличен начин како и првиот пат, украдениот златен накит го продале, соопшти ОЈО.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

    Со оглед на тоа што жртвите при разбојништвата со умисла биле лишени од живот, истрагата е поведена за тежок облик на кривичното дело, за кој е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

    Прочитај повеќе

    Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци

    01.11.2026 во 18:58

    Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка

    01.11.2026 во 18:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.