Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“

    01.11.2026 во 16:40

    Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг

    01.11.2026 во 16:10

    Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија

    01.11.2026 во 15:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
    • Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
    • Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
    • 30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров
    • БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад
    • Му влегле дома и го тепале со кундак: Ограбен старец во Скопје
    • Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи
    • Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“

    Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“

    01.11.2026 во 16:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Навивач од групата „Фемили“ со иницијали П.А. заработи кривична пријава по брза постапка по вчерашната тепачка меѓу навивачи на МЗТ Скопје и Работнички пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

    Како што соопшти МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар.

    Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка.

    Освен оваа кривична, во полициска станица завршија и двајца 18-годишници од скопје, М.М. и Д.П.

    -Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство, велат од МВР.

    Прочитај повеќе

    30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров

    01.11.2026 во 15:27

    Му влегле дома и го тепале со кундак: Ограбен старец во Скопје

    01.11.2026 во 14:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.