Close Menu
Press24
    Најново

    До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница

    01.11.2026 во 13:30

    Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија

    01.11.2026 во 12:59

    Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?

    01.11.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница
    • Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија
    • Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
    • Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
    • На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
    • Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази
    • Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Предизвика протести кои го урнаа Вучиќ, судењето сѐ уште не е почнато
    • Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница

    До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница

    01.11.2026 во 13:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До 11 часот денеска на изборите за градоначалник на Општина Брвеница излегле да гласаат 2 245 граѓани, што е излезеност од 13,82 отсто, информираа од Државната изборна комисија (ДИК). Тоа значи дека за два часа, меѓу пресеците на ДИК во 9 и во 11 часот, гласале вкупно 1 599 граѓани. Во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, излезеноста во истиот период од денот е зголемена за 4,71 отсто.

    Пред две недели во овој период до 11 часот гласале 1 480 гласачи или 9,11 проценти од вкупниот број на запишани гласачи, сега се 13,82 отсто односно 2 245.

    Според ДИК, најголема излезеност до 11 часот се забележува во избирачкото место станува 2044, 22,12 проценти, додека најмала на избирачкото место 2047 каде има 5,33 проценти.

    Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ, при денешната посета на три избирачкиместа во Општина Брвеница, рече дека гласачите слободно и без сериозни проблеми излегуваат на гласање, а за тоа, според него, укажува и излезеноста.

    Во однос на заштитата на личното избирачко право рече дека до 11 часот до ДИК е доставен еден приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

    „Ние на трите места каде што поминавме секаде течеше нормално, некаде каде што имаше повеќе метеж и повеќе обиди за идентификација, сите беа успешни, така што она што го видовме ние е еден зголемен интерес, но и нормален тек на гласањето“, рече Маричиќ.

    Прочитај повеќе

    Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија

    01.11.2026 во 12:59

    Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?

    01.11.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.