Криста Пајк (50), која во САД служи смртна казна за убиство од 1995 година, за првпат се огласи во јавноста по неуспешниот обид за нејзино погубување со смртоносна инјекција.
Преку својот правен тим, таа упати порака во која ги опиша сериозните здравствени компликации со кои се соочува по процедурата.
„Од таа ноќ немало ниту еден момент во кој не сум чувствувала болка. Ме боли телото. Ме болат рацете. Ме болат дланките. Ме боли грлото. Сè уште имам тешкотии со зборувањето“, изјавила Пајк.
Осуденичката истакна дека последиците оставиле длабока трага и врз нејзината психичка состојба.
„Болката не е само физичка. Постои болка во мојот ум и во мојата душа“, додаде таа.
Како што пренесе „Дневник“, врз Пајк во септември биле аплицирани две дози пентобарбитал. По откажувањето на егзекуцијата, таа била хоспитализирана во критична состојба, а кон крајот на минатиот месец била вратена во матичната затворска установа, каде што се наоѓа поради убиството на Колин Слемер.
„Закрепнувам и знам дека станувам посилна. Но, закрепнувањето не е исто што и да бидеш добро“, наведува таа.
Случајот ги отвори прашањата за ризиците и компликациите кои настануваат при користењето смртоносни инјекции при извршување на најстрогата казна.

