Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    30.10.2026 во 09:32

    Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа

    30.10.2026 во 09:20

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив
    • Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
    • ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
    • Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
    • Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
    • Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    30.10.2026 во 09:322 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, соработувале со советници поврзани со српската владејачка партија СНС и претседателот Александар Вучиќ.

    Во партиското соопштение се посочуваат имињата на Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кои од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека биле ангажирани во македонската влада за време на мандатот на Заев.

    Според партијата, Обрадовиќ бил советник на Заев, а во 2021 година бил назначен за директор на една од компаниите поврзани со ЕСМ. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека претходно имало обид тој да биде поставен и на чело на ЕЛЕМ, но постапката била запрена по нивни реакции.

    Во соопштението се споменува и Зоран Башановиќ, за кого ВМРО-ДПМНЕ тврди дека бил ангажиран во владата на Заев, а денеска е дел од комуникацискиот тим на СДСМ предводен од Филипче. Партијата го поврзува и со поранешните политички контакти меѓу Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

    ВМРО-ДПМНЕ отвора и прашања за договорите во енергетскиот сектор, особено за компанијата „Зобек мининг груп“ и нејзините договори со ЕСМ. Во таа насока, партијата прашува дали постоела поврзаност меѓу доделувањето на договорите и претходните политички и деловни релации. Во соопштението се наведува и дека истата компанија му купила автомобил „Ауди“ на Филипче.

    Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека овие ангажмани и деловни релации отвораат прашања за влијанието на српските политички и бизнис-кругови во Македонија. Станува збор за обвинувања и тврдења на партијата изнесени во соопштението.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18

    Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола

    30.10.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.