Close Menu
Press24
    Најново

    Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли

    30.10.2026 во 08:56

    Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина

    30.10.2026 во 08:54

    Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште

    30.10.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
    • Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште
    • Инцидент во Скопје: „Удираше по возилото па ме нападна и мене”
    • Петок носи пресврти во љубовта и работата: Дневен хороскоп за 30 октомври
    • Пресврт на нафтените берзи – По вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
    • „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики
    • Се слават Светите Козма и Дамјан – Пример за несебично помагање, ова се обичаите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли

    Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли

    30.10.2026 во 08:563 Mins Read
    ФОТО: AI Generated/Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поголеми надоместоци за користење на минералните суровини, раскинати концесиски договори и засилен инспекциски надзор се дел од мерките со кои Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најавува построга контрола врз рударскиот сектор.

    Ефектите веќе се видливи во приходите од концесиите. Во 2025 година државата наплатила околу 1,22 милијарди денари, што е повеќе од двојно во споредба со 2024 година, кога приходите по оваа основа изнесувале околу 561,5 милиони денари. Зголемувањето изнесува над 660 милиони денари.

    Една од главните промени е зголемувањето на концесиските надоместоци, кои од 1 јануари 2025 година се повисоки за одредени минерални суровини. Кај металичните минерали надоместокот е зголемен од 2 на 4 проценти, додека кај мермерот од 1 на 5 проценти.

    Паралелно со повисоките надоместоци, Министерството презело активности и против концесионерите кои не ги исполнувале договорените обврски. Досега се евидентирани 53 раскинати концесиски договори, а во текот на 2026 година инспекцискиот надзор е кадровски зајакнат со уште тројца инспектори.

    Од Министерството посочуваат дека концесионерите, покрај плаќањето на надоместоците, мора да ги исполнуваат и техничките стандарди, како и обврските за заштита на животната средина.

    Во меѓувреме, донесена е и Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2026–2046 година. Документот е подготвен со експертски придонес од МАНУ и содржи акциски план за периодот од 2026 до 2030 година, со кој се предвидува поврзување на развојот на рударството со заштитата на животната средина и социјалните интереси.

    Министерството работи и на нови законски решенија за рударството и геологијата. Една од предложените измени се однесува на финансиските гаранции за управување со рударскиот отпад. Наместо сегашниот модел, во кој гаранцијата покрива околу една третина од проценетите трошоци, новото решение предвидува целосно, односно 100-процентно финансиско покритие. Целта е да се обезбедат средства за санација, рекултивација и обврските по затворањето на рудниците.

    Во насока на поголема транспарентност, на веб-страницата на Министерството се објавени регистри на концесиски договори, одземени концесии, како и лиценци и овластувања поврзани со рударски и геолошки активности.

    Од Министерството нагласуваат дека геолошките истражувања, концесијата, просторниот план и дозволата за експлоатација се различни правни постапки и дека внесувањето рударска намена во плански документ само по себе не значи одобрение за отворање рудник.

    Притоа посочуваат дека секој проект мора да биде оценет и од аспект на влијанието врз водата, почвата, воздухот, здравјето на луѓето и земјоделството. Надзорот е поделен меѓу Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот инспекторат за животна средина, секој во рамките на своите законски надлежности.

    Министерството порачува дека одлуките за рударските проекти ќе се носат врз основа на законските прописи, стручните оценки и применливите европски стандарди, а не под притисок на инвеститори или политички субјекти. Воедно, наведува дека останува отворено за комуникација со локалните заедници, граѓаните и стручната јавност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина

    30.10.2026 во 08:54

    Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште

    30.10.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.