Close Menu
Press24
    Најново

    Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари

    30.10.2026 во 09:02

    Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли

    30.10.2026 во 08:56

    Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина

    30.10.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
    • Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште
    • Инцидент во Скопје: „Удираше по возилото па ме нападна и мене”
    • Петок носи пресврти во љубовта и работата: Дневен хороскоп за 30 октомври
    • Пресврт на нафтените берзи – По вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
    • „Нема повеќе маски“: СДСМ ја обвини Левица за анти-ЕУ и анти-НАТО политики
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје

    „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје

    30.10.2026 во 08:19Updated:30.10.2026 во 09:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Меѓународни научници од повеќе од 15 држави ќе се соберат во Скопје на 14. издание на симпозиумот „Денови на Јустинијан I“, кој денеска ќе започне со свечено отворање во Музејот на македонската борба, со почеток во 10 часот. Настанот ќе трае до 1 ноември и е посветен на истражувањето на византиската и средновековната историја.

    Овогодишното издание се одржува под тематскиот наслов „Граници“ (Borders), со фокус на политичките, верските и културните поделби, но и на контактите и влијанијата меѓу различните општества во средниот век.

    Во рамки на свеченоста се најавени обраќања на претставници на организаторите, академската заедница, Италијанската амбасада и Македонската православна црква. Меѓу нив се претседателот на Меѓународниот организациски и научен комитет, проф. д-р Митко Б. Панов, коорганизаторот од Универзитетот во Болоња, проф. д-р Џузепе Маино, италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

    Посебно место во програмата има предавањето на професорката Нора Беренд од Универзитетот во Кембриџ, која ќе говори на тема „Замислувајќи ги границите во средниот век“.

    Во текот на двата дена се предвидени шест научни сесии на кои истражувачи од странски и домашни универзитети и научни установи ќе ги презентираат своите истражувања. Програмата опфаќа различни аспекти на средновековното општество, со акцент на историските, религиозните и културните односи.

    На отворањето ќе биде промовиран и новиот зборник „Вмрежување“, составен од трудовите презентирани на минатогодишниот, тринаесетти симпозиум. Публикацијата ги обработува врските и контактите во политиката, дипломатијата, црквата, интелектуалниот живот и културата на византискиот и средновековниот свет.

    Организатори на меѓународниот собир се Институтот за национална историја при УКИМ и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.

    Симпозиумот претставува платформа за меѓународна научна размена и истражување на заедничкото историско наследство. Посебен акцент се става на врските меѓу Македонија и Италија, особено преку историското наследство на византискиот император Јустинијан I, кој потекнувал од околината на Скопје, а чие владеење оставило значајни траги и во Италија, особено во Равена.

    Реализацијата на настанот е поддржана од Министерството за култура и туризам, Амбасадата на Италија, Музејот на македонската борба и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари

    30.10.2026 во 09:02

    Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли

    30.10.2026 во 08:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.