Close Menu
Press24
    Најново

    Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена

    08.07.2026 во 08:46

    Драма во скопско: Извадил пиштол и почнал да се заканува

    08.07.2026 во 08:38

    Тешка сообраќајка во Македонија: Двајца возачи повредени, 18-годишник возел без дозвола

    08.07.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена
    • Драма во скопско: Извадил пиштол и почнал да се заканува
    • Тешка сообраќајка во Македонија: Двајца возачи повредени, 18-годишник возел без дозвола
    • Случајот што ја потресе Македонија – Утре судење на серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Топло од рано наутро, температурите во 8 часот – УХМР со предупредување за попладне
    • До 10 компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза
    • Ќе нема струја – Најавени исклучувања во 6 скопски општини
    • Марта Кос денеска во Скопје: Во фокусот европскиот пат и реформите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Крушево е пример како треба да се води една општина, реализирани се 68 капитални проекти

    Филипче: Крушево е пример како треба да се води една општина, реализирани се 68 капитални проекти

    29.09.2025 во 22:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За 8 години во Крушево се  реализирани 68 капитални и локални проекти од страна на локалната власт и градоначалникот од СДСМ, Томе Христовски, тоа е пример за општина која е сервис на граѓаните, порача на граѓанската трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.

    Во обраќањето пред граѓаните тој посочи дека Томе Христовски во неговите два мандати го претвори Крушево во бренд на развој, чиста околина, култура и туризам.

    „За 8 години, реализирани се значајни проекти во сите области – водоснабдување, инфраструктура, реконструкција на училишта и градинки, субвенции за средношколци, развој на туризам, проекти за чиста животна средина и подобрени комунални услуги, рехабилитација и асфалтирање на патишта и улици, реновирање на спортски сали и изградба на игралишта – сето тоа го подобри квалитетот на живот и го издигна Крушево“, рече Филипче.

    Меѓу многуте реализирани проекти како што кажа Филипче е и модернизираното и проширено Полетувалиштето кое туристичка атракција, комплетно модернизирано улично осветлување, изградбата на нови резервоари, нови пумпни станици, заменета  водоводната мрежа, домаќинства се приклучени на нови системи, и уште многу други капитални проекти.

    „Резултатите од работата на Томе за Крушево, зборуваат сами за себе.Не како градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ – тие се само извршители на договорите на Мицкоски.

    „Кога бев министер за здравство немаше ден а Томче да не се јави и да не најави и побара поддршка за некој нов проект за развој на општината. Јас ќе речев имаме и други општини во државата не е само Крушево, но неговиот одговор беше – вие може имате други општини ама за мене е Крушево“, рече Филипче. 

    На граѓанската трибина, Филипче порача дека Томе Христовски е вистинскиот избор за Крушево и повиќа граѓаните да гласаат да него, да гласаат за да продолжи равзојот на Крушево.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.