Close Menu
Press24
    Најново

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:31

    ФОТО: Два тони небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи

    29.10.2026 во 09:30

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тони небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците

    29.10.2026 во 09:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Валандово реализира инфраструктурни и развојни проекти во повеќе области, од реконструкција на улици и подобрување на водоснабдувањето до инвестиции во образованието, спортот и комуналните услуги.

    Локалната власт се соочува и со наследени финансиски обврски од над 60 милиони денари, а паралелно презема активности за финансиска консолидација и спроведување на планираните проекти.

    Меѓу позначајните инвестиции е реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Валандово, вредна над пет милиони денари. Со проектот се подобрени подземната инфраструктура, тротоарите и паркинг-просторот, а извршено е и хортикултурно уредување.

    Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се реализирани активности за реконструкција на регионалниот пат Р1105, на делницата Јосифово – Удово, како и на делови од влезовите и излезите од Валандово. Дополнително, со средства од општинскиот буџет и поддршка од Министерството за транспорт се реконструираат и градат улици во Раброво, Дедели, Башибос, Кочули, Балинци, Брајковци, Собри, Марвинци и Пирава.

    Инвестиции се реализираат и во водоснабдувањето. Во Калково е во тек третата фаза од реконструкцијата на секундарната водоводна мрежа, проект вреден над 36 милиони денари, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Во Валандово е уреден и просторот кај поранешниот детски парк во близина на „Стоковна“, каде што се изградени 26 нови паркинг-места, детски парк и тротоари, а уредени се и зелените површини и поставена е урбана опрема.

    Во областа на образованието и грижата за децата, реконструирана е детската градинка во Брајковци, а потпишан е и договор за изградба на нова градинка во Пирава, вреден 23 милиони денари. Со инвестиција од над 10 милиони денари е реконструирано и училиштето во Брајковци.

    Општината обезбеди и финансиска поддршка за учениците за учебната 2026/2027 година. За секое дете запишано во прво одделение се предвидени по 4.000 денари, додека учениците запишани во прва година во СОУ „Гоце Делчев“ ќе добијат по 12.000 денари. Предвидени се и награди за учениците со високи резултати на државните натпревари.

    Во спортот, во тек е реконструкција и модернизација на спортските објекти во Валандово и Пирава, со инвестиција од 6,5 милиони денари од општинскиот буџет и донација од Фудбалската федерација на Македонија.

    Паралелно, се спроведува проект за набавка на специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад, вреден 4,95 милиони денари, а во завршна фаза е и набавката на 50 нови контејнери.

    Дополнително, преку проект за енергетска ефикасност вреден над 23 милиони денари, се реконструираат општинската зграда и Домот на културата.

    Од локалната самоуправа посочуваат дека активностите ќе продолжат со фокус на инфраструктурата, јавните услуги и подобрувањето на условите за живот во сите населени места во општината.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Два тони небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи

    29.10.2026 во 09:30

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.