Close Menu
Press24
    Најново

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11

    Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори

    29.10.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:211 Min Read
    Општина Центар - Скопје
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Паркот во Градски ѕид, во делот зад „Краш“, доби нов изглед со уредување на детско игралиште, вежбалница на отворено и нови зелени површини.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, при обиколката на просторот истакна дека целта е да се создадат подобри услови за игра, рекреација и дружење на жителите.

    Детското игралиште е опремено со тобогани, мрежи за качување и мостови, а поставени се и соодветна заштитна подлога и ограда. Во новата вежбалница, пак, граѓаните ќе можат да спортуваат и да се рекреираат во близина на своите домови.

    Во рамки на уредувањето се обновени пешачките патеки, поставени се нови клупи и канти за отпадоци, а засадени се и 90 нови садници и дрвја. Дополнително, уредена е тревната површина и поставен е систем за наводнување.

    „На овој начин создаваме повеќе можности за децата да играат и да се забавуваат на отворено, за соседите да се дружат, а за сите што сакаат да вежбаат да имаат место за рекреација во своето маало“, порача Герасимовски.

    Од Општина Центар посочуваат дека продолжуваат со уредување на маалските паркови и зелените површини со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11

    Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори

    29.10.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.