Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 250 милиметри на улицата „Џон Кенеди“, денеска (29.10.2026) ќе има прекин во водоснабдувањето кај корисниците од дел од истата улица и дел од населбата Топанско Поле.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

