Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ќе присуствува на отворањето на меѓународна научна конференција посветена на влијанието на интелектуалната сопственост врз дигиталната трансформација на македонското општество.
Настанот е во организација на ЈНУ Институт за интелектуална сопственост и се реализира во рамки на истражувачки проект чија цел е проучување на факторите што влијаат врз управувањето со интелектуалната сопственост во услови на забрзана дигитализација.
Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука.

