Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи

    28.10.2026 во 13:42

    Кривична пријава за син и мајка од радовишко: Примиле речиси 580 илјади евра од Германија и затаиле данок

    28.10.2026 во 13:36

    Приведено уште едно лице за убиствата во Ѓорче Петров – Полицијата го објави идентитетот на осомничените

    28.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи
    • Кривична пријава за син и мајка од радовишко: Примиле речиси 580 илјади евра од Германија и затаиле данок
    • Приведено уште едно лице за убиствата во Ѓорче Петров – Полицијата го објави идентитетот на осомничените
    • Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром
    • Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец
    • Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници
    • Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем
    • Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи

    Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи

    28.10.2026 во 13:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека веќе разговарал со носителот на победничката листа во Србија, Срдановиќ, и му ја честитал изборната победа, изразувајќи очекување дека добрососедските односи меѓу двете земји ќе продолжат и во иднина.

    „Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму. Очекувам како добри соседи да работиме на зголемување на нашата економија и во едната и во другата земја“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека со Срдановиќ веќе се слушнал телефонски.

    „Веќе се слушнавме со носителот на листата, господинот Срдановиќ, каде што честитав на изборната победа. Како добри соседи, се разбира, меѓу првите ја истакнавме честитката“, изјави премиерот.

    Мицкоски се осврна и на критиките од опозицијата во Македонија, оценувајќи дека во следниот период очекува засилена политичка кампања насочена кон него.

    „Јас сум навикнат на навредите, на конструкциите и на лагите кои ги слушам за мене, а кои доаѓаат од партиската говорница на таа опозициска партија. Тие би сакале јас да се спуштам на тоа ниво и на ист начин да им одговорам. Се разбира дека тоа нема да се случи“, рече Мицкоски.

    Според него, приоритет на Владата ќе останат реформите, проектите и економските политики.

    „Ние ќе се бориме со реформи, со проекти, со политики кои обезбедуваат иднина, а тие, бидејќи немаат што да понудат, ќе продолжат да ме навредуваат. Од мене им е простено, а останатото останува на нив“, изјави Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за син и мајка од радовишко: Примиле речиси 580 илјади евра од Германија и затаиле данок

    28.10.2026 во 13:36

    Приведено уште едно лице за убиствата во Ѓорче Петров – Полицијата го објави идентитетот на осомничените

    28.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.