Close Menu
Press24
    Најново

    Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

    27.10.2026 во 21:08

    Папата Лав XIV: Градете го мирот насекаде, а не да се подготвувате за нови војни

    27.10.2026 во 20:51

    Зголемен број на милионери во Холандија: Скокот на недвижностите ја зголеми вредноста на имотите на домаќинствата

    27.10.2026 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција
    • Папата Лав XIV: Градете го мирот насекаде, а не да се подготвувате за нови војни
    • Зголемен број на милионери во Холандија: Скокот на недвижностите ја зголеми вредноста на имотите на домаќинствата
    • Први снежни врнежи на планинските превои: Снег вее на Стража, возачите се повикуваат на внимателност
    • Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови
    • Глобална дипломатска иницијатива: Русија и Кина подготвени да го поддржат Виктор Орбан за шеф на ОН
    • Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

    Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

    27.10.2026 во 21:084 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    27 Окт 2026by

    Јавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација со јавноста, објавувајќи соопштенија, резимеа и организирајќи брифинзи за случаите опфатени од страна на Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан, кој го спроведува ОБСЕ со финансиска поддршка од Европската Унија.

    Јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители Башким Бесими и јавната обвинителка од ОЈОГОКК Наташа Поп Трајкова, на покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), учествуваат на Регионалната конференција „Од хартија до практика: Како реформите во правосудството да дадат резултати во предметите на организиран криминал и корупција“, која ќе се одржува во Будва, Црна Гора и на која беше претставен извештајот од набљудувањето на судските постапки во Западен Балкан.

    Во извештајот, освен транспарентноста во врска со предметите од висок јавен интерес за која Јавното обвинителство добива високи оценки споредено и со останатите земји во регионот, се нагласува и видливата посветеност за воспоставување стратешки рамки насочени кон поголема отвореност и отчетност. Тука се истакнува усвојувањето на комуникациската стратегија, како важен чекор за зајакнување на довербата на јавноста и унапредување на попроактивна и попрофесионална комуникација.

    “Од аспект на обвинителството, се појавија одредени позитивни практики во однос на ефективното изведување на доказите и постапувањето пред судот. Во неколку предмети, јавните обвинители активно учествуваа во планирањето на судењата, предлагаа реални распореди за изведување на доказите и преземаа одговорност за повикување на сопствените сведоци”, нотира извештајот, препорачувајќи ваквите позитивни чекори доследно да продолжат да се применувааат

    Како уште еден важен сегмент кој се однесува на работата на Јавното обвинителство, ОБСЕ ги истакнува и активностите што се прават преку Здружението на јавните обвинители, а во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, со цел подобрување на квалитетот на обвиненијата

    “Државното јавно обвинителство, исто така, ги поддржа овие иницијативи, со посебно внимание на подобрувањето на изведувањето на доказите пред судот и зајакнувањето на ефективноста на јавните обвинители во текот на судењата”, стои во извештајот.

    Како позитивен исчекор се одбележани и активностите за изготвување нови прописи за надзор над работата на јавните обвинителства и за оцена на работењето на јавните обвинители, иницијатива која е поддржана преку Проектот за владеење на правот финансиран од ЕУ и има за цел да ги усогласи постојните внатрешни прописи и да воспостави појасни механизми за надзор и професионална оцена.

    Самиот извештај во неколку клучни делови ги нотира недоволните човечки и финансиски ресурси со кои располага обвинителството, како важен предуслов за дополнително зголемување на ефикасноста.

    “Се чини дека ова е едно од најкритичните прашања што бара паралелен пристап: континуирани напори од страна на обвинителството за подобрување на ефикасноста, во комбинација со соодветна институционална поддршка и обезбедување ресурси. Решавањето на двата аспекта е неопходно за да се прекине кругот во кој се очекува подобрување на ефикасноста пред да се обезбедат дополнителни ресурси, додека јавните обвинители сметаат дека дополнителните ресурси се неопходни за постигнување поголема ефикасност”, стои во извештајот на ОБСЕ.

    Во рамките на овој проект, во земјава беа набљудувани најголем број предмети споредено со останатите земји во регионот, односно 16 предмети за кривични дела од организиран криминал и 56 предмети од областа на корупцијата.

    Предметите беа избрани според тежината на кривичното дело, статусот на обвинетите и степенот на јавен интерес, при што приоритет им се дава на предметите во кои правната сигурност, институционалниот кредибилитет и довербата на јавноста се од најголемо значење. На тој начин вниманието се насочува кон постапките во кои институционалните капацитети, правичноста, ефикасноста и довербата на јавноста се изложени на најголем тест.

    Во сите предмети, Проектот ја толкува ефективноста на правосудството на база на три меѓусебно поврзани аспекти: капацитетите, во смисла на квалитет, доследност и услови за поддршка на професионалната и институционалната практика правичноста, разгледувана преку гаранциите за правично судење, еднаквоста пред законот и образложеното судско одлучување; и ефикасноста, сфатена како управување со сложеноста, времето и ресурсите без нарушување на правичноста или квалитетот.

    Прочитај повеќе

    Први снежни врнежи на планинските превои: Снег вее на Стража, возачите се повикуваат на внимателност

    27.10.2026 во 20:09

    Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

    27.10.2026 во 19:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.