Поради планирани технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, утре (28 октомври) повеќе скопски општини ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Без електрична енергија ќе останат следните корисници:
- Во општина Гази Баба, во периодот од 08:25 до 11:25 часот, без струја ќе бидат дел од улиците „Зеничка“ и „Коце Металец“. Подоцна, од 11:25 до 14:25 часот, прекин ќе има и за дел од улиците „Душан Тасковиќ“ и „Тајмиште“.
- Во општина Аеродром, од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ и „Ѓорѓи Капчев 16“.
- Во општина Бутел (Визбегово), во периодот од 09:00 до 10:30 часот, без напојување ќе бидат дел од ул. „1“, дел од ул. „Камени Мост“ и објектите во околината на фирмата „Саманта“.
- Во општина Кисела Вода (Драчево), од 09:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат корисниците во околината на „Дрводекор“.
- Во општина Илинден (Марино), од 11:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат потребителите од ул. „532“.
Од Електродистрибуција информираат дека прекините се со цел изведување на планирани интервенции, чистење, проверка на опремата и реконструкција на мрежата.

