Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки
    • Еболата стигна до Европа?
    • Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО
    • Трамп подготвува голем пресврт: САД и Канада се блиску до историски договор за царините
    • Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“
    • Воз удрил во автомобил кај Заечар – во возилото имало три девојки
    • Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег
    • „Нов свет, ново лидерство“: Иванов ја отвори Школата за млади лидери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки

    Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки

    27.10.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавните институции ќе мора да ги земаат предвид и квалитетот и долгорочната исплатливост при изборот на понуди, а не да се водат исклучиво од најниската цена. Ова е една од новините предвидени со измените на Законот за јавните набавки, кои Собранието ги усвои на 122. седница.

    Од Министерството за финансии информираат дека законските измени имаат цел да ја подобрат конкуренцијата, да ја зголемат транспарентноста и да овозможат поодговорно трошење на парите од јавниот буџет.

    Една од главните промени е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“. Со тоа, при изборот на најповолната понуда ќе се оценуваат и квалитетот на производите и услугите, како и нивната долгорочна оправданост.

    Предвидени се и новини во електронскиот систем за набавки од мала вредност, со кои треба да се поттикне поголемо учество на компаниите и да се зголеми конкуренцијата.

    Измените опфаќаат и поширока дигитализација на постапките. Бирото за јавни набавки ќе добие проширени можности за користење современи дигитални алатки, вклучително и решенија засновани на вештачка интелигенција. Според Министерството, тие треба да помогнат во следењето на постапките, откривањето ризици и спречувањето можни злоупотреби.

    Дополнително, ќе се овозможи автоматска размена на податоци меѓу институциите преку веб-сервиси, со што треба да се намали административното оптоварување и да се олесни спроведувањето на набавките.

    Поголема јавност на постапките се предвидува и преку обврска за објавување известувања за доброволна претходна транспарентност во одредени случаи кога се преговара без претходно објавен оглас.

    Промени ќе има и во професионалниот развој на службениците задолжени за јавни набавки. Наместо периодично повторно полагање испити за ресертификација, се воведува систем на континуирано стручно усовршување.

    Со измените се ревидираат и вредносните прагови за примена на законот, во согласност со економските услови и растот на трошоците, како и надоместоците за жалбените постапки.

    Од Министерството за финансии посочуваат дека промените се дел од реформите поврзани со Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, со цел националниот систем на јавни набавки да се приближи до европските стандарди.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО

    27.10.2026 во 10:55

    Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“

    27.10.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.