Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот
    • Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Двајца млади Срби загинаа, а еден е тешко повреден во сообраќајка во САД: Прогласена тридневна жалост
    • Тажна вест: Почина млад водител на само 34 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанкуловски: Со Ребалансот породолжува поддршката на развојните капитални инвестиции 

    Јанкуловски: Со Ребалансот породолжува поддршката на развојните капитални инвестиции 

    26.10.2026 во 18:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со предложениот Ребаланс на Буџетот продолжува да се поддржуваат и да се реализираат најважните капитални расходи, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на денешната расправа по Предлог-ребалансот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Тој потенцираше дека покрај развојната компонента со Ребалансот се обезбедува редовна исплата на тековните расходи во државата.

    Јанкуловски пососчи дека Владата максимално се заложува да обезбеди и да го одржи економскиот раст, што, како што рече, беше мислена именка до пред јуни 2024. Додаде дека проблемот со акцизата како директна мерка за зачувување на стандардот на граѓаните придонесе во најголем дел за овој Ребаланс на Буџетот.

    -Резултат на таа мерка се 3,77 милијарди денари од 5,3 милијарди денари. Тоа се милијарди денари во прашање и нормално кога од левата страна на Буџетот го имате тој проблем, не заради тоа што сака Владата, од десната страна ги имате тие скратувања кои внимателно се избрани во кој сектор, во кој дел најмалку ќе се почувстува. Но, најбитните клучни капитални расходи се реализираат и се исплаќаат тековните расходи во државата- рече заменик-министерот.

    Тој појасни дека при првиот Ребаланс проекциите беа дека ситуацијата ќе почне да се средува, но поради дисторзијата што настана, посочи, нормaлно е Владата како одговорна да пристапи кон реконструкција во предложениот Ребаланс без притоа да се наруши реализацијата на капиталните инвестиции особено кај шесте автопати што се градат и оние капитални инвестиции што се опфатени со Уредбата за јавни инвестиции кои беа изгласани на Влада и се обезбеди нивно финансирање.

    Тој потенцираше дека покрај развојната се исполнува и социјалната функција, односно дека државата мора навремено да ги исполнува своите законски обврски независно од глобланите предизвици.

    Наведувајќи дека во периодот јануари-септември исплатени се 87,8 милијарди денари за пензии, 39,7 милијарди денари за здравствени услуги и надоместоци и 11,2 милијарди денари за социјална помош, рече дека обезбедувањето на овие средства се неопхдно за редовно фукцонирање на системите и заштита на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Филипче, ти си следен

    27.10.2026 во 11:44

    Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија

    27.10.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.