Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петкоска: Македонија бележи раст од 40% на авионски пристигнувања во првиот квартал
    • Мисајловски на средба со Холовнија: Поддршка на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан
    • Лукаревска за вториот ребаланс: Потврда за промашено планирање, намалени капитални инвестиции и високи трошоци за живот
    • Андоновски: Електронските услуги им го олеснуваат работењето на компаниите
    • Се оженил пред 10 дена, сега пронајден со прострелна рана во главата – Почина познатиот рапер
    • 11-годишната ќерка успеала да истрча од станот и да побара помош од полицијата за да ја спаси мајка си, ужас во соседството
    • УХМР со метеоаларм за утре: Најавен е силен ветер со брзина од над 60 км на час
    • Манасиевски: Филипче си ја ишка мувата од капата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петкоска: Македонија бележи раст од 40% на авионски пристигнувања во првиот квартал

    Петкоска: Македонија бележи раст од 40% на авионски пристигнувања во првиот квартал

    26.10.2026 во 17:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидија Петкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница истакна дека податоците од ДЗС покажуваат дека 2024 година споредено со 2023 година, вкупниот број на туристи пораснал за 8%, потенцирајќи дека претставува значаен сигнал за потенцијалот на секторот.

    „Токму затоа кога говориме за вториот ребаланс не треба да го гледаме туризмот изолирано од останатите сектори, бидејќи подобрата патна инфраструктура значи полесен пристап до туристичките центри, подобрата железничка поврзаност значи нови можности за движење на туристите. Инвестициите во животната средина значат почиста природа и позачувано културно наследство. Поддршката за малите бизниси значи нови сместувачки капацитети, нови локални ресторани, туристички водичи и семејни компании. А кога една општина има добар туристички производ, придобивките се чувствуваат и во продавниците, рестораните, такси превозот, занаетчиството, земјоделството и кај сите што продаваат домашни производи. Ова е особено важно за Охрид, но и за Струга, Преспа, Маврово, Крушево, Берово, Дојран и сите други места што имаат потенцијал да го развиваат туризмот. Ако сакаме да го искористиме тој потенцијал, мораме да инвестираме паметно, да ги мериме резултатите и да ја поврземе државната политика со потребите на туристичкиот сектор“, изјави Петкоска.

    Петкоска додаде дека според податоците на Светска банка, во 2026 година Македонија се издвојува како една од најуспешните економии со низок и среден доход во Европа и централна Азија со раст од 40% на авионските пристигнувања во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период претходната година.

    Прочитај повеќе

    Лукаревска за вториот ребаланс: Потврда за промашено планирање, намалени капитални инвестиции и високи трошоци за живот

    26.10.2026 во 17:08

    Манасиевски: Филипче си ја ишка мувата од капата

    26.10.2026 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.