Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот
    • Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Двајца млади Срби загинаа, а еден е тешко повреден во сообраќајка во САД: Прогласена тридневна жалост
    • Тажна вест: Почина млад водител на само 34 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Електронските услуги им го олеснуваат работењето на компаниите

    Андоновски: Електронските услуги им го олеснуваат работењето на компаниите

    26.10.2026 во 17:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Стопанската комора на Македонија одржа презентација на тема „Електронски услуги за бизнисот“, на средба со претседателот на Комората, г. Азески, и претставници на бизнис-заедницата.

    Во фокусот беа можностите за приклучување на компаниите на Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk, услугите што најчесто ги користат и можностите за поддршка за инвестиции. Министерот ги претстави и партнерските проекти што им помагаат на компаниите во процесот на дигитална трансформација.

    „Денеска во Стопанската комора разговараме за дигиталната трансформација на бизнис-секторот и можностите што ги нуди порталот uslugi.gov.mk, но и нашите партнерски проекти преку ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, кои нудат анализа на состојбите и тестирање пред инвестирање за сите компании од приватниот сектор“, истакна Андоновски во изјавата за медиумите.

    Министерот нагласи дека директниот дијалог со компаниите е важен за да се утврдат нивните потреби и да се преземат конкретни чекори за надминување на предизвиците во дигитализацијата.

    „Се надевам дека приватниот сектор ќе ја искористи можноста. Истовремено, и ние имаме можност да ги слушнеме предизвиците со кои се соочуваат компаниите во Македонија, потребите што ги имаат и што е она што треба заедно да го направиме за да ги постигнеме потребните резултати“, посочи Андоновски.

    Како конкретен чекор од соработката, министерот најави формирање заедничка работна група со Стопанската комора.

    „Со претседателот на Стопанската комора и неговиот тим донесовме одлука да создадеме една работна група која технички ќе работи на решавање на предизвиците на бизнис-секторот што се однесуваат на дигитализацијата“, изјави Андоновски.

    Претставниците на бизнис-заедницата ги споделија своите искуства, забелешки и предлози за користењето на електронските услуги и изразија благодарност за соработката и институционалната поддршка. Во дискусијата беа разгледани можностите за унапредување на услугите и поедноставување на административните постапки, со цел компаниите да трошат помалку време на шалтери, а повеќе да се посветат на своето работење и развој.

    Министерот Андоновски утринава учествуваше и на панел-дискусија на ИНОФЕИТ ЕДИХ, посветена на поддршката за дигитална трансформација на компаниите, каде што ја потврди определбата на Владата за натамошна поддршка на дигиталните иновациски хабови.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот

    27.10.2026 во 12:19

    „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје

    27.10.2026 во 12:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.