Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовнија, кој ја предводи полската делегација во рамки на официјалната посета на Македонија.
-Партнерството со Полска, како наш сојузник во НАТО е значајна основа за унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на колективната безбедност. Заедничките заложби и посветеноста на евроатлантските вредности придонесуваат за стабилноста и безбедноста на сојузниците.
На средбата разговаравме за поддршката на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како важен предуслов за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет на регионот и на цела Европа, вели Мисајловски.

