Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Падна цената на нафтата
    • Андоновски: Работна група изработува план за заштита на податоците на осигурениците и системите
    • Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник
    • Дождот ќе преминува во снег, потоа стабилизација, па повторно пресврт на времето
    • Манасиевски: Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
    • Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија
    • Апсење во Охрид: Приведени тројца крадци, ги транспортирале украдените предмети со мопеди
    • Русија се огласи по поразот на Вучиќ на изборите: За танго се потребни двајца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна цената на нафтата

    Падна цената на нафтата

    26.10.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Суровата нафта Брент забележа пад на цената на околу 115 долари за барел, додека европските берзански индекси се со променливи вредности во очекување на извештаите за работењето на американските технолошки гиганти Microsoft, Alphabet, Amazon и Intel.

    Цената на суровата нафта Брент падна за 1,48 проценти на 115,038 долари за барел, додека американската лесна сурова нафта WTI забележа пад од 1,96 проценти на 101,256 долари. Намалувањето доаѓа по претходниот скок од 6,2 проценти изминатата недела, откако дипломатските ангажмани во Блискиот Исток донесоа привремено олеснување на пазарот.

    На берзата TTF во Амстердам, европските фјучерси за гас за ноември се тргуваа по цена од 94,375 евра за мегават-час.

    Во однос на европските индекси, германскиот DAX порасна за 0,31 процент, францускиот CAC 40 за 0,61 процент, британскиот FTSE 100 за 0,41 процент, италијанскиот FTSE MIB за 0,61 процент, а московскиот IMOEX забележа раст од 0,32 проценти.

    На берзата Форекс, еврото зајакна во однос на доларот и јенот. Вредноста на европската валута порасна за 0,10 проценти на 1,1228 долари, односно за 0,25 проценти на 176,15 јени. Индексот на доларот (DXY) се задржа на ниво од 101,80.

    Цената на златото се искачи на 4.016,33 долари за тројанска унца, додека пченицата се тргуваше по цена од 6,2545 долари за бушел.

    Тргувањето на американските берзи во петокот заврши во минус – Dow Jones падна за 1,23 проценти на 52.215,16 поени, S&P 500 се намали за 0,52 проценти на 7.623,68 поени, а Nasdaq за 0,21 процент на 25.955,34 поени.

    Инвеститорите остануваат претпазливи и пред најавените состаноци на Федералните резерви на САД, ЕЦБ и Банката на Јапонија, од кои се очекува да ги задржат каматните стапки на истото ниво.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Македонија вложува од 5 до 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

    26.10.2026 во 11:07

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.