Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

    Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

    22.10.2026 во 18:214 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, посветена на вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. 

    Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат.

    „Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи.

    Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи.

    „Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи.

    Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот.

    „Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи. 

    Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг.

    Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ. 

    На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.