Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати
    • Шокантен инцидент во Малезија: 16-годишен ученик со секира нападна наставничка, нападот го пренесувал во живо на интернет
    • Сали со Боланд за учеството на граѓаните и социјалните партнери во европската интеграција
    • Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари
    • Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување
    • Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје
    • Мајка од Берово заработи кривична – со тврд предмет ја претепала сопствената малолетна ќерка
    • Велешанец падна во рацете на полицијата – го стопирале, застанал, излегол од колата и фрлил кутија од цигари полна со дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати

    ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати

    22.10.2026 во 17:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Податоците на пензионерите и осигурениците не биле и не се компромитирани, соопшти Фондот на пензиското и инвалидското осигурување по повод објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за неговите информатичко-комуникациски системи.

    Од Фондот велат дека голем дел од утврдените пропусти биле надминати уште за време на ревизорскиот процес, додека значителен дел од препораките се целосно реализирани или се во напредна фаза на спроведување.

    Во реакцијата, Фондот ги поврзува констатираните состојби со управувањето со институцијата во периодот до септември 2024 година. Оттаму оценуваат дека долгогодишното отсуство на стратегија за сајбер-безбедност и занемарувањето на основните безбедносни стандарди ја изложувале на ризик стабилноста на пензискиот систем.

    Нови системи за заштита и резервна инфраструктура

    Според соопштението, во текот на 2025 и 2026 година се преземени повеќе активности за модернизација на информатичката инфраструктура и зајакнување на безбедноста.

    Меѓу нив се воведувањето системи за откривање и одговор на закани кај крајните уреди — EDR, како и услуги за управувано откривање и одговор на безбедносни закани — MDR. Воспоставено е и централизирано следење и анализа на безбедносните настани, а завршени се активностите за сегментација на мрежата и дополнително зајакнување на контролите за пристап.

    Во 2025 година, како што наведуваат од Фондот, на посебна локација надвор од седиштето е воспоставена инфраструктура за опоравување на системите при катастрофи, односно Disaster Recovery. Се спроведуваат и редовни процедури за резервно копирање и заштита на податоците.

    Модернизирани над 100 работни станици

    Како дел од мерките по ревизорските препораки, извршени се надградби на серверската инфраструктура и оперативните системи. До средината на 2026 година биле заменети и модернизирани над 100 работни станици што користеле постари технолошки платформи, со што, според Фондот, е обезбедено користење поддржани и ажурирани оперативни системи.

    Паралелно се ажурирани интерните политики и процедури за информатичка безбедност. Во текот на 2026 година ИТ-секторот е доекипиран со нов стручен кадар, а се реализираат и обуки за вработените.

    Од институцијата ја посочуваат и соработката со Светска банка и изготвената функционална анализа на работењето на Фондот, врз чија основа се преземаат активности за организациско и кадровско зајакнување и модернизација.

    „Немало и нема компромитирање на Вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност“, се наведува во пораката до пензионерите и осигурениците.

    Од ПИОМ порачуваат дека ревизорските препораки ги користат како насоки за отстранување на слабостите и за обезбедување посигурни, модерни и стабилни услуги за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Сали со Боланд за учеството на граѓаните и социјалните партнери во европската интеграција

    22.10.2026 во 17:05

    Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување

    22.10.2026 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.