Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари
    • Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување
    • Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје
    • Мајка од Берово заработи кривична – со тврд предмет ја претепала сопствената малолетна ќерка
    • Велешанец падна во рацете на полицијата – го стопирале, застанал, излегол од колата и фрлил кутија од цигари полна со дрога
    • Летале чаши и шишиња – тројца скопјани се пресметале во обложувалница
    • СВР Куманово откри затајување на акциза од 3,4 милиони денари – набавиле тутун во лист го преработиле, па го продавале
    • Сопругата го пријавила за физичко и психичко малтретирање подолг период – полицијата уапси тетовчанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари

    Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари

    22.10.2026 во 17:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, со кој буџетските проекции се усогласуваат со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.
    Министерката во експозето истакна дека вториот ребаланс е навремена реакција на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и нарушувањата на енергетските пазари, кои влијаат врз економските текови и буџетските приходи.

    „Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност, да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти“, истакна министерката.

    Со предложените измени, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП.
    Проекцијата за економскиот раст за 2026 година изнесува 3,5%.

    На приходната страна најизразено намалување има кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари, како резултат на мерките за намалување на акцизите на горивата. На расходната страна се предвидува рационализација и поефикасно користење на јавните средства. Капиталните расходи се намалуваат поради пролонгираната динамика на реализација на одредени проекти и пониската реализација на средствата од сопствени приходи, донации и заеми.
    Како што посочи министерката, корекциите се вршат таму каде што реализацијата го наложува тоа, без откажување од развојните приоритети.

    „Нашата цел е Буџетот да остане реален, одржлив и развоен. Буџетската дисциплина не значи откажување од развојот, туку подобро поставување приоритети, поголема одговорност во трошењето и усогласување на обврските со расположливите средства. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

    Меѓу приоритетите остануваат патните проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д и патот Скопје–Блаце, како и железничките делници Белјаковце–Крива Паланка и Табановце. Продолжуваат активностите за изградба и унапредување на системите за водоснабдување, канализација и управување со отпадот. Средства се насочуваат и кон енергетска ефикасност, образовна инфраструктура, реконструкција на студентските домови, земјоделството, локалните инфраструктурни проекти.

    Министерката посочи дека со предложениот ребаланс се обезбедува усогласување на буџетските проекции со реалните економски движења, редовно исполнување на законските обврски и продолжување на приоритетните развојни проекти, со одговорно управување со јавните финансии и задржување на планираниот буџетски дефицит.

    Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена.

    Прочитај повеќе

    Работодавците имаат уште два месеци: Колку пари ќе легнат на сметките за К-15

    22.10.2026 во 10:23

    Цената на нафтата утрово драстично скокна

    22.10.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.