Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ за две години врати 2,31 милијарди евра претходен долг, 187 проценти повеќе од СДСМ и ДУИ
    • Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат
    • „Тешко е да се прифати дека си замина“: Тажна вест за музичката сцена – почина првиот тенор на Загорската клапа
    • Фатен по потерница – Маж ќе лежи во Идризово
    • Лоши вести за Новак Ѓоковиќ
    • На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство
    • Важно известување од „Водовод“: Шалтерите утре нема да работат
    • Работодавците имаат уште два месеци: Колку пари ќе легнат на сметките за К-15
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ за две години врати 2,31 милијарди евра претходен долг, 187 проценти повеќе од СДСМ и ДУИ

    Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ за две години врати 2,31 милијарди евра претходен долг, 187 проценти повеќе од СДСМ и ДУИ

    22.10.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук ги спореди податоците за отплатениот државен долг во првите 24 месеци од мандатот на актуелната Влада во споредба со претходната власт.

    Според изнесените податоци, во првите две години од мандатот на коалицијата СДСМ-ДУИ биле вратени 49,6 милијарди денари, односно 806 милиони евра главнина на долг.

    Од друга страна, во истиот временски период од 24 месеци, актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ вратила 142,2 милијарди денари, што изнесува 2,31 милијарди евра за сервисирање на доспеана главнина.

    Стојаноски посочува дека ова претставува зголемување од 2,87 пати, односно 187 проценти повеќе средства насочени кон враќање на долгот.

    „Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада“, истакнува пратеникот во својата објава.

    Тој додава дека навременото сервисирање на обврските е клучен сегмент во одржувањето на стабилноста на државниот буџет.

    „Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој“, напиша Стојаноски.

    На крајот од соопштението, тој повторно ја нагласи вкупната сума на вратените средства во изминатиот двогодишен период.

    „2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира“, заклучува Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.