Close Menu
    Најново

    Со секира влегол во казино: Земал 8.600 денари од вработената

    16.12.2025 во 21:30

    Османи побара од папата Лео да го признае Косово

    16.12.2025 во 21:08

    Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за Оскаровската трка

    16.12.2025 во 20:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Со секира влегол во казино: Земал 8.600 денари од вработената
    • Османи побара од папата Лео да го признае Косово
    • Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за Оскаровската трка
    • Инспектори ќе влезат во државна Гинекологија
    • Вратен во нормала патот Градско-Прилеп, откако автомобил се судри со трактор
    • (ВИДЕО) Агелер за Сител: Без разлика на преговорите за членство во ЕУ, реформите треба да продолжат
    • Посебен шалтер за „Безбеден град“ во зградата на МТВ
    • Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница

    29.09.2025 во 11:21
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Долгогодишните коалициски партнери СДС и ДУИ, додека заедно владееја, судовите ги наполнија со свои луѓе од доверба, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

    „И овие луѓе избрани во штабовите во Струмица и Зајас во судството го спасија Венко Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница.

    Филипче како министер за здравство ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово и тој е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

    Затоа што правеше анекси на договори за да ќари 20% повеќе пари, живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово, а за тоа не беше повикан ни на разговор во обвинителството.

    Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки, всушност како во секоја држава со независни судско обвинителски органи.

    Но, сепак, ние сме во Македонија, каде што судиите со 2% доверба од граѓаните мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го спасат од одговорност Филипче.

    За да не лежи и кривично одговара Венко Филипче, лежат странични ликови во здравството, како тогашните директори на болницата Етеми и Бесими. Но, и тие, исто така, не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат и го издадат нивниот шеф, па добија по само година и пол затвор.

    Судиите и обвинителите заробени во канџите на Заев и Ахмети, за пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче станаа неми, слепи и глуви.

    Релацијата на одредени судии и обвинители кои сè уште работат по насока на СДС и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда.

    Со овие судии и обвинители не може да се очекува независно судство и обвинителство.

    Потребни се итни реформи за конечно во државата да дојде вистинска правда и одговорност.

    Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Филипче: Мигранти за пари е предавството и продажбата на националните интереси

    15.12.2025 во 22:13

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.