Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Иванов за градоначалникот Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните
    • Пронајдени 28 пиштоли во деловен простор во Куманово – приведено едно лице
    • Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно
    • Мајка оставила две мали деца на планина во Полска за да го продолжи искачувањето – ги пронашле планинари
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Од утре најавува „потоп”
    • Поднесено обвинение за тешко убиство кај Рума: 19-годишник се сомничи дека го убил партнерот на мајка си и го запалил телото
    • Цената на нафтата расте
    • Падна криминална група која планирала хаос на изборите во Белград
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иванов за градоначалникот Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните

    Иванов за градоначалникот Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните

    21.10.2026 во 11:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Општинската организација на СДСМ Штип, Павел Иванов, на прес-конференција изнесе низа обвинувања за работата на градоначалникот Иван Јорданов и локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го нивниот мандат како период на скандали, непотизам и зголемени трошоци за граѓаните.

    Иванов посочи дека голем дел од ветените капитални проекти и понатаму остануваат нереализирани, додека цените на комуналните и општинските услуги бележат значителен раст.

    Според изнесените податоци на прес-конференцијата, престојот во градинките е зголемен од 1.490 на 2.000 денари, годишниот билет за паркирање од 2.000 е покачен на 7.000 денари, а зголемување има и кај услугите за собирање смет и погребалните услуги.

    Од СДСМ реагираат и на состојбите со јавните претпријатија и комуналната хигиена, посочувајќи на проблеми со водоснабдувањето, доцнење на платите во ЈП „Исар“, како и на одлуките за давање под закуп и продажба на општински имот. Како пример беа посочени Дино паркот и продажбата на хотелот „Гарни“.

    Меѓу нереализираните проекти кои беа споменати на прес-конференцијата се паркот „Иднина“, обиколницата и резервоарот во населбата „Пребег“, мега-паркот во Света Недела, новата детска градинка, домот за стари лица, стационарот за бездомни кучиња, салата за боречки вештини и новиот студентски дом.

    Иванов потсети и на низата кривични пријави што во изминатиот период беа во фокусот на јавноста, а се поврзуваа со лица блиски до градоначалникот, вклучувајќи ги случаите за кражба на нафта, кривичната пријава за директор на детска градинка, дивоградбата на секретарката на Општината и затворањето на ООУ „Гоце Делчев“.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус

    21.10.2026 во 09:54

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче

    21.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.