Жена од Тетово пријавила дека била физички нападната од сопругот во нивниот семеен дом по претходна расправија.
Според пријавата, инцидентот се случил на 19 октомври околу 20 часот. Жената, на возраст од 42 години, случајот го пријавила во СВР Тетово истата вечер, во 23:20 часот.
Неколку часа подоцна, во полициската станица се пријавил и нејзиниот 37-годишен сопруг, кој бил задржан. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

