Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
    • Груби за прв пат на суд како слободен човек – пречек како што доликува
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
    • Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра

    Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра

    20.10.2026 во 13:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговараа за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината.

    ” Преку двата повици што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е околу 11 милиони евра, од кои директно преку Министерството за транспорт се реализираат околу 5,5 милиони евра. Нема дел од општината каде што не работиме, каде што не решаваме инфраструктурни проблеми и продолжуваме да го правиме тоа во следниот период” истакна Николоски.

    Вицепремиерот најави нова соработка и поддршка за општина Карпош

    “Се договоривме за еден нов инвестициски циклус каде што ќе помогнеме во реализација на плоштади, во реализација на улици, атмосферска канализација, фекална канализација и уредување на просторот таму каде што е најпотребно во општината. Исто така, како што кажа градоначалникот, зборувавме за решение на свлечиштата особено во делот кој што гравитира кон населбите Козле, понатаму Трнодол, Жданец, да се санира целиот тој простор ” изјави Николоски.

    На состанокот се разговараше и за паркинг местата како еден од предизвиците на општината

    “Во следниот период еден од главните предизвици е решавање на проблемот со паркирањето, особено во делот на населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3 и Карпош 4. Тука работиме заедно со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, на изнаоѓање на едно интегрирано решение кое што треба да значи решение на проблемот со паркинг преку изведба на катни гаражи кои што ќе бидат достапни за граѓаните, исто така подземно паркирање, подземни катни гаражи кои што ќе значат од една страна зеленило, паркови, а од друга страна решавање на проблемот со паркирање. Овие проекти ги работиме заедно со општината и со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Онаму каде што има потреба или проектите веќе се при крај ќе влеземе во реализација, на другите места работиме на изработка на проекти и очекувам во следните две до три години целокупниот проблем со паркирање во Општина Карпош да биде решен на овој начин” додаде вицепремиерот Николоски. 

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“

    20.10.2026 во 12:58

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.