Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека до крајот на годината нема да има нивелирање, односно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.
„Оние шпекулации дека до крајот на годината ќе има нивелирање на цената на електричната енергија – нема да има. Останува истата цена“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека од изборот на актуелната Влада досега немало покачување на цената на струјата и нагласи дека Владата останува посветена на заштита на животниот стандард на граѓаните.
Мицкоски притоа упати критики кон поранешната влада на СДСМ и ДУИ, тврдејќи дека во нивниот мандат цената на електричната енергија била речиси двојно зголемена.

