Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика сите партии од албанскиот политички блок да го поддржат Аркин Јахиј во вториот круг од предвремените локални избори во Брвеница.
„Многу важна победа доаѓа од Брвеница! Честитајќи му на Аркин за победата, ги повикувам сите албански партии да гласаат за овој чесен и посветен човек кој го почитува секој Албанец“, напиша Таравари.
Јахиј е кандидат на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ.
Кандидатот на Влен, Јакуп Хусеини, синоќа бил во штабот на Јахиј и му го честитал пласманот во вториот круг.

