Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: За овие локални избори предложивме личности кои се подготвени да бидат партнери со граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: За овие локални избори предложивме личности кои се подготвени да бидат партнери со граѓаните

    28.09.2025 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори за кои кампањата стартува утре (29.09.2025) предложи личности со дела зад себе. Предложи личности кои и покрај предизвиците, поточно проблемите со кои се соочуваа три, од четири, години кога СДС беше централна власт направија многу, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори предложи личности кои се подготвени да бидат партнери со граѓаните, да бидат нивни соседи, пријатели кои им помагаат.
    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се личности со визија, личности кои го сменија ликот на општините реконструираа, градеа, прошируваа градинки, училишта.
    За старо – новите градоначалници, еве за сработеното низ бројки. Градоначалниците изградија и реконструираа улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри, направија речиси 47 километри нови водоводи, изградија канализации од должина од речиси од 91 километар.

    Кандидатите за градоначалници во програмите ставија проекти за потреба за граѓаните, јасни проекти креирани со експерти, а за секој проект имаат конкретни планови.

    Целта на градоначалниците е јасна чист воздух, чисти јавни површини, зелени површини и нивно одржување, соодветен јавен превоз, мерки за локален економски развој, соодветна инфраструктура што подразбира и нови патишта и одржување на постојните и многу друго. Акцент ќе стават на оние области во кои тоа е потребно во поодделни општини. Секоја општина е своја приказна.

    За сето тоа, како во овој изминат период од јули минатата година до сега, така и во иднина ќе ги помагаме на секое поле кое можеме, финансиски, со експертска помош и слично.

    Или како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната промоција на кандидатите за градоначалници во Штип „ние сме тие што мора да го направат невозможното возможно, нема друг пат, не постои друг избор.

    Токму затоа слоганот за овие локални избори за кои кампањата стартува утре е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.