Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари
    • Сиљановска-Давкова од Куманово: Командата за операции е една од клучните алки во одбранбениот систем
    • „Мојот малолетен син е претепан“ – загрижен татко од Скопје се јавил во полиција
    • Коњановски на јубилејот на Техничкиот факултет: Битола е горда со науката која го гради нашето општество
    • Гаши од Рим: Парламентарната дипломатија и меѓународното право се клучни за мирот и стабилноста
    • Студено попладне во Македонија – измерени само 1 степен во 14 часот
    • Хоџа изврши увид во Сарај: Се регулираат 12 километри од коритото на Сува Река
    • Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари

    Мисајловски најави поголеми плати во Армијата и нов Колективен договор од 1 јануари

    16.10.2026 во 15:424 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор, трајно решение за статусот на професионалните војници по навршувањето на 45 години, како и испорака на нова опрема, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на одбележувањето на Денот на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“.

    Министерот упати благодарност за поддршката до претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова, како и до Генералштабот на Армијата.

    Почитувана претседателке, сакам лично да ви се заблагодарам за вашиот труд вашата посветеност, смелост, храброст и она што секогаш знаете да се јавите да прашате за состојбите и секогаш да ни дадете поттик за она што го работиме. Последниот наш разговор и сакам тоа да биди една убава вест за сите вас, разговаравме и за реформите што треба ги донесат сакаме лично да се заблагодарам на началникот на Генералштабот, на луѓето што се од неговиот тим, на луѓето што се во директоратите, на луѓето во секциите, бидејќи напорно работат. Сакам да ве информирам дека од кога сум министер имаме тужби од 2019-2020 досега, кои се исплатени преку 26 милиони евра додека јас сум министер. Тоа е направено, бидејќи тоа се ваши средства и тоа го заслужувате, но паралелно исплаќаме сѐ по колективен договор. Тоа е нешто што е многу важно за мене но и за сите луѓе во министерството, бидејќи знаат сите процеси како да ги предвидат – рече министерот.

    Мисајловски посочи дека набавката на опремата и возилата од типот „страјкер“ и „хаубици“ се одвива редовно и дека сите обврски се исплатени.

    – Да, но не беше така кога дојдов како министер. Немаше средства, немаше доволно оставено пари по колективен договор немаше реформи и тоа треба да се каже. Јас сакам тука јавно да го кажам. Но, следуваат и убави времиња бидејќи иако имавме потешкотии, со многу договори посебно ќе го истакнам договорот со Леонардо сакам да знаете дека чекор по чекор внимателно и доследно ќе го спроведеме и од следниот месец треба да се направи или приемот на хеликоптерите ќе стигнат два нови хеликоптер – рече Мисајловски.

    Тој најави дека за брзо време ќе биде потпишан и нов колективен договор со синдикатите.

    – Набрзо ќе донесеме нов колективен договор, се почитува сегашниот, но се она што ќе го предложат синдикатите ќе биде прифатено и ќе направиме нов колективен договор и тоа е важно да продолжи она што следува и сакам оттука да знаете дека ниту едно право што досега го имате нема да биде загрозено – нагласи Мисајловски.

    Во однос на статусот на професионалните војници кои полнат 45 години, министерот соопшти дека е најдено соодветно системско решение.

    – Сакам да бидете информирани дека долго време работевме со началникот и со синдикатите и со останатите директорати но и со многу луѓе и старешини во армијата да најдеме решение за професионалните војници кои навршуваат 45 години. Работевме и благодарен сум многу за ова решение, бидејќи произлегува од армијата, произлегува од луѓето што ја носат униформата сакам да бидете свесни дека веќе ова решение помина на колегиум во Владата и ќе се најде на седница на Влада уште следната недела. Но, потоа ќе ве повикам сите и ќе ве избрифираме заедно со началникот се разбира за да ви кажеме дека ниту еден од вас што завршува 45 години нема да биде заборавен тука ќе му биде местото во армијата и ќе остане сѐ до негова пензионирање. Но тоа набрзо ќе го слушнете кога ќе помине одлуката на влада, но јас ќе давам се од себе повеќе опрема, повеќе средства нема подобри примања но за ова и во решение – рече Мисјаловски.

    На крајот од своето обраќање, тој им порача на армиските припадници дека ја имаат неговата целосна поддршка и пријателство.

    – И во наредните години ќе продолжиме со многу многу процеси исто така сите генерали. но и сите вие што давате се од себе и чесно работите и помагате за да се подобрат состојбите да знаете дека во мени имате најголем пријател – рече Мисајловски.

    На свеченоста во касарната „Боро Менков“, покрај министерот и претседателката Сиљановска-Давкова, присуствуваа и началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, пратеници, дипломати и одбранбени аташеа.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова од Куманово: Командата за операции е една од клучните алки во одбранбениот систем

    16.10.2026 во 15:35

    Гаши од Рим: Парламентарната дипломатија и меѓународното право се клучни за мирот и стабилноста

    16.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.