Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Коњановски на јубилејот на Техничкиот факултет: Битола е горда со науката која го гради нашето општество
    • Гаши од Рим: Парламентарната дипломатија и меѓународното право се клучни за мирот и стабилноста
    • Студено попладне во Македонија – измерени само 1 степен во 14 часот
    • Хоџа изврши увид во Сарај: Се регулираат 12 километри од коритото на Сува Река
    • Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата
    • Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“
    • Приведени двајца скопјани: Полицијата им пронајде марихуана
    • Нападнати полицајци за време на должност во Гостивар: 47-годишен маж кривично ќе се гони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Коњановски на јубилејот на Техничкиот факултет: Битола е горда со науката која го гради нашето општество

    Коњановски на јубилејот на Техничкиот факултет: Битола е горда со науката која го гради нашето општество

    16.10.2026 во 15:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на свеченоста по повод јубилејот 65 години од основањето на Техничкиот факултет во Битола, кој функционира во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

    Факултетот веќе шест и пол децении претставува столб на едукацијата, техничката мисла и науката во регионот и државата.

    На свеченоста по повод јубилејот се обратија ректорот на Универзитетот, проф. д-р Игор Неделковски, деканот на факултетот, проф. д-р Митко Костов, како и градоначалникот Коњановски.

    „Овој јубилеј е заеднички успех на сите генерации студенти, професори и деловни партнери кои помогнаа во градењето на современиот инженерски кадар, а соработката со Oпштина Битола е на високо ниво и со техничкиот факултет и воопшто со Универзитетот ’Св. Климент Охридски‘. И во оваа прилика сакам да ја истакнам една од работите со која бевме пионери во Македонија, а тоа е универзитетската летна пракса која студенти од факултетите на битолскиот универзитет во текот на летните месеци ја спроведуваат во Oпштина Битола и нашите јавни претпријатија, а потоа овој пример го следеа и други градови“, истакна градоначалникот на Битола.

    Коњановски им го честиташе големиот јубилеј на студентите, наставниот кадар и сите вработени, посакувајќи им уште многу успешни академски години.

    „Битола е горда со науката која шест и пол децении го гради нашето општество“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Гаши од Рим: Парламентарната дипломатија и меѓународното право се клучни за мирот и стабилноста

    16.10.2026 во 14:54

    Студено попладне во Македонија – измерени само 1 степен во 14 часот

    16.10.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.