Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Прават ѕвезда од неа, Мицкоски ја нападна Бугарија за Ива Михаилова, ” – Што пишуваат бугарските медиуми
    • Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години
    • Утрово мраз во делови од Македонија – УХМР ги измери температурите
    • Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?
    • Охридското Езеро добива нова генерација пастрмка – Серафимовски ќе учествува во акцијата
    • Светскиот ден на храната во знакот на едукацијата за правилен избор и безбедност
    • Воена свеченост во Куманово – На настанот и државниот врв
    • За што најчесто го користат интернетот граѓаните во Македонија? – Статистиката открива интересни податоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Прават ѕвезда од неа, Мицкоски ја нападна Бугарија за Ива Михаилова, ” – Што пишуваат бугарските медиуми

    „Прават ѕвезда од неа, Мицкоски ја нападна Бугарија за Ива Михаилова, ” – Што пишуваат бугарските медиуми

    16.10.2026 во 08:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарските медиуми вчера, 15 октомври, посветија внимание на изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за случајот со Ива Михаилова, при што во насловите ги истакнаа неговите критики кон Бугарија и тврдењата дека Михаилова нелегално ја напуштила Македонија.

    Порталот „Дарик“ објави текст со наслов „Мицкоски ја нападна Бугарија за Ива Михаилова: ‘Прават ѕвезда од неа’“. Во написот се пренесуваат тврдењата на Мицкоски дека не е точно оти Михаилова и нејзиниот адвокат Николај Димитров ја преминале границата преку официјален граничен премин.

    Принтскрин, Дарик,бг

    Бугарската национална телевизија (БНТ), пак, објави напис со наслов „Христијан Мицкоски: Ива Михаилова била пренесена во Бугарија на незаконски начин“, во кој се пренесуваат неговите тврдења дека случајот го истражуваат македонските институции и дека Михаилова ќе треба да одговара пред правосудните органи.

    И Бугарското национално радио (БНР) ја објави изјавата под наслов „Премиерот Мицкоски: Ива Михаилова нелегално ја преминала границата!“, пренесувајќи ги неговите обвинувања за начинот на кој таа заминала од земјава.

    Медиумот „Mediapool“ објави текст со наслов „Мицкоски: Порано или подоцна Ива Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата“, ставајќи го акцентот на неговата порака дека двајцата ќе одговараат пред македонските институции.

    Инаку, премиерот Мицкоски, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21, говорејќи за случајот со Ива Михаилова и нејзиниот татко, истакна дека Бугарија може да стане прибежиште за криминалци кои ќе го злоупотребуваат овој случај.

    Премиерот Мицкоски додаде дека Михаилова нелегално ја поминала границата и дека нема никаква вистина во тоа што го кажуваше нејзиниот адвокат, МВР го истражува случајот и за брзо ќе се дојде до одговорите, но тоа што загрижува е координираната акција на македонската опозиција и бугарски медиуми со цел да ѝ наштетат на Владата.

    -Тие создаваат иста теза, ако забележите, медиумите кои се провладини кај нив и нашата македонска опозиција што имаат заедничко? Заедничка е тезата дека ова било договорено. Добро, еве ако е договорено, сега има меѓународна потерница, ве молам испорачајте ги. Бидејќи имаме меѓународна потерница. Ако не ги испорачаат, тоа значи дека нивната теза не е вистина. Тоа значи дека таа на нелегален начин е однесена во Бугарија, изјави премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски посочи дека за овој случај ќе се разговара со меѓународните партнери, затоа што наш партнер од НАТО станува прибежиште на криминалци и може да стане и алиби на останатите криминалци кои нелегално ќе избегаат таму барајќи прибежиште.

    -Ние разговаравме со нашите меѓународни партнери, ова ќе биде покренато и на состаноците со НАТО-алијансата, бидејќи наш партнер во НАТО денеска е прибежиште на осудени криминалци и ние очекуваме во најскоро време тие да бидат испорачани на правдата. Исто така, ова ќе биде покренато и кај нашите партнери во Европската Унија. Не би сакал осуден криминалец да биде причина за неспроведување на правдата, не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму, нагласи Мицкоски.

    Featured Just In Picks Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години

    16.10.2026 во 08:27

    Утрово мраз во делови од Македонија – УХМР ги измери температурите

    16.10.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.