УХМР ги измери температурите утринава во градовите низ Македонија. Според мерењата, утрово во 8 часот најстудено е во Берово со -0,3 степени.
Гевгелија од друга страна со 13 степени е најтоплиот град во Македонија утринава в осум часот.
Мерењата на УХМР покажаа дека во Скопје температурата во осум часот е 8 степени.
Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини е можна појава на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 19 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе се засилува. Температурата наутро ќе се спушти до 6 степени, а во текот на денот ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и стабилно време, со повремена облачност во текот на денот.

