Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?
    • Охридското Езеро добива нова генерација пастрмка – Серафимовски ќе учествува во акцијата
    • Светскиот ден на храната во знакот на едукацијата за правилен избор и безбедност
    • Воена свеченост во Куманово – На настанот и државниот врв
    • За што најчесто го користат интернетот граѓаните во Македонија? – Статистиката открива интересни податоци
    • Деветнаесет години без ангелот Тоше – Музиката и хуманоста остануваат негов аманет
    • Ќе нема струја 4 часа – Најавени исклучувања во Скопје
    • Ново основно училиште во Ченто – Мицкоски ќе присуствува на отворањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?

    Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?

    16.10.2026 во 08:20Updated:16.10.2026 во 08:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прометот во индустријата во август 2026 година е зголемен за 8,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Според главните индустриски групи, најголем раст е забележан кај капиталните производи, со 17,1 процент, додека кај нетрајните производи за широка потрошувачка зголемувањето изнесува 6,9 проценти. Кај интермедијарните производи, без енергијата, е регистриран раст од 1,4 проценти.

    Наспроти тоа, прометот кај трајните производи за широка потрошувачка бележи пад од 4,2 проценти.

    Во споредба со јули 2026 година, прометот во индустријата во август е намален за 16,3 проценти. Сепак, во првите осум месеци од годинава, во однос на истиот период лани, е забележан вкупен раст од 3 проценти.

    На домашниот пазар, прометот во август е зголемен за 4,4 проценти на годишно ниво, додека за периодот јануари – август растот изнесува 3,9 проценти.

    Поголем раст е забележан на странските пазари, каде што прометот во август е зголемен за 11,2 проценти во споредба со август 2025 година. На кумулативно ниво, во првите осум месеци од 2026 година, растот изнесува 3,1 процент.

    Најголем придонес во зголемувањето на вкупниот индустриски промет во август имале производството на прехранбени производи, со раст од 2,7 проценти, производството на моторни возила, приколки и полуприколки, со 17,4 проценти, како и производството на машини и уреди, неспоменати на друго место, со раст од 17,3 проценти.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Охридското Езеро добива нова генерација пастрмка – Серафимовски ќе учествува во акцијата

    16.10.2026 во 08:19

    Светскиот ден на храната во знакот на едукацијата за правилен избор и безбедност

    16.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.