Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години
    • Утрово мраз во делови од Македонија – УХМР ги измери температурите
    • Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?
    • Охридското Езеро добива нова генерација пастрмка – Серафимовски ќе учествува во акцијата
    • Светскиот ден на храната во знакот на едукацијата за правилен избор и безбедност
    • Воена свеченост во Куманово – На настанот и државниот врв
    • За што најчесто го користат интернетот граѓаните во Македонија? – Статистиката открива интересни податоци
    • Деветнаесет години без ангелот Тоше – Музиката и хуманоста остануваат негов аманет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години

    Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години

    16.10.2026 во 08:271 Min Read
    ФОТО: Министерство за транспорт и врски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, најави реконструкција, надградба и електрификација на железничката пруга од Велес до Битола преку програмата ИПА 3 на Европската Унија.

    Како што информираше Николоски, делницата веќе е вклучена во ИПА 3, а програмата се очекува да биде усвоена до крајот на годината и да започне со спроведување од 1 јануари. По усвојувањето ќе следуваат тендерска постапка, избор на изведувач и реализација на проектот.

    „Велес – Битола влезе како приоритет. Таму одиме со реконструкција, надградба и многу важно, електрификација“, истакна Николоски, посочувајќи дека електрификацијата ќе овозможи поекономичен и поеколошки железнички транспорт.

    Во гостувањето, Николоски најави и набавка на нови локомотиви и патнички возови. Според него, со Европската банка за обнова и развој е договорена набавка на најмалку пет електрични локомотиви, додека е во завршна фаза договорот со Светската банка за набавка на пет до седум патнички гарнитури.

    Дополнително, како што најави вицепремиерот, Македонски железници – Транспорт планира со сопствени средства да набави уште два воза во текот на следната година.

    „Ќе имаме девет нови воза во следните две до три години и пет нови локомотиви“, изјави Николоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

    Featured Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Утрово мраз во делови од Македонија – УХМР ги измери температурите

    16.10.2026 во 08:25

    Македонската индустрија во плус: Каде е остварен најголемиот раст?

    16.10.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.