Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда
    • Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова
    • (ВИДЕО) Градоначалникот на Скопје на ручек со вработените: Вие сте тивките херои кои го градат нашиот град
    • Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија
    • Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет
    • ВМРО-ДПМНЕ: Најостро реагираме на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче
    • Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско баран по потерници, осуден на 16 години затвор
    • Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда

    Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда

    15.10.2026 во 22:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 вели дека формирањето на Специјалното јавно обвинителство претставувало сериозен удар врз правдата, посочувајќи дека уште од самиот почеток било поставено на неуставни основи. Наместо да испорача правда, како што рече тој, правеле естрада.

    -Чувството кај граѓаните потекнува од, условно кажано, би рекол, работи кои се случија во минатото и коишто мислам дека зададоа силен удар врз правдата во Македонија. Првиот е оној период 94–98 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше вонпарламентарна опозиција и кога судиите се избираа во Собранието. Кога практично тогашната власт, којашто беше со акламативна моќ, избра стотици судии од коишто дел се сè уште активни судии. И тоа беше политички обоена структура.

    Вториот удар на правдата е кога се донесе оној имплант СЈО. Тотално неуставен имплант кога од тие коишто требаше да ја донесат правдата, ништо повеќе од естрада не видовме. Тогаш се правеа беџови, маици се штампаа, капи се носеа, дуксери СЈО. Не можете со неправда да донесете правда. Од самиот старт тој имплант е неправен, неуставен. Не може да делувате на тој начин. И за тој имплант се виновни сите партии, бидејќи консензуално беше донесено. Сега не сакам да го оградам ВМРО-ДПМНЕ. Јас не го исклучувам ВМРО-ДПМНЕ. Но, тој имплант создаде таква перцепција, уште посилна кога се случи третиот проблем. А тоа е кога заврши во еден куфер пари. Сè се тоа процеси кои во граѓаните создадоа чувство на недоверба во правдата, дециден е Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија

    15.10.2026 во 21:49

    ВМРО-ДПМНЕ: Најостро реагираме на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче

    15.10.2026 во 21:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.