Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма

    Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма

    27.09.2025 во 15:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На новинарско прашање за тоа каква кампања очекува и што им препорачува на другите политички чинители, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ја нагласи подготвеноста на СДСМ за позитивна и одговорна изборна трка, заснована на луѓе со кредибилитет и реална програма.

    „Имаме добри кандидати, имаме навистина луѓе коишто се признати во своите средини, коишто имаат легитимитет и кредибилитет да излезат да побараат поддршка од граѓаните, луѓе коишто имаат капацитет да ги спроведат тие програми“, рече Филипче.

    Тој додаде дека СДСМ ќе води чесна и одговорна кампања, со фокус на програмата и довербата кон граѓаните, а не со напади и манипулации. Филипче потенцираше дека токму чесноста и отчетноста во работењето ќе бидат главниот белег на нивните кандидати.

    „Чесни луѓе коишто чесно ќе работат со буџетите на граѓаните, за што јас лично земам одговорност пред сите граѓани“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ, Филипче, повика и останатите политички партии да се приклучат на ваков фер и достоинствен пристап, каде во центарот на вниманието ќе биде граѓанинот и неговите реални потреби.

    „Ќе имаме една позитивна, фер кампања и очекувам од сите политички други субјекти еднаков таков пристап“, изјави Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.