Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата
    • Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци
    • ГАЛЕРИЈА: „Ќе се осакати некое дете, па кој ќе биде крив?“ – Граѓаните во Кисела Вода револтирани
    • Голема трагедија: Српскиот водител почина по сообраќајна несреќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место

    ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место

    08.10.2026 во 08:493 Mins Read
    Марија Кепич, приватна архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Кепиќ (29) од Аранѓеловац, која исчезна на 29 октомври 2020 година, била пронајдена мртва, а нејзините посмртни останки биле откриени во близина на пештерата Рисовача, познат туристички локалитет кој го посетуваат голем број луѓе.

    Сепак, според информациите на „Курир“, останките не биле пронајдени во самата пештера, ниту во делот каде што се движат туристите. Тие биле откриени во густо обраснато подрачје, на тешко пристапен терен на ридот над пештерата.

    Според истиот извор, дронот одиграл клучна улога во пронаоѓањето на останките.

    Сепак, фактот што Марија речиси шест години била во тој регион, а никој не ја пронашол, отвора бројни прашања.

    „Тешко е да се поверува дека толку долго била таму, во близина на познат локалитет. Но, луѓето ретко се упатуваат кон тој дел над пештерата, бидејќи теренот е многу непристапен“, вели изворот.

    Марија Кепиќ, приватна архива

    Со пронаоѓањето на останките е разрешен еден дел од мистеријата, но остануваат низа неодговорени прашања. Како Марија се нашла на тоа место и што ѝ се случило?

    „Сè уште нема одговор како Марија завршила таму. Малку е веројатно дека сама стигнала до тоа место. Има индиции дека телото можеби било донесено таму со намера да биде сокриено“, вели изворот за „Курир“.

    Останките на Марија биле пронајдени во мај, речиси шест години по нејзиното исчезнување. Според неофицијалните информации, биле завиткани во ќебе.

    По пронаоѓањето била извршена ДНК-анализа, како и низа други вештачења кои траеле со месеци. Резултатите потврдиле дека останките ѝ припаѓаат на Марија Кепиќ.

    Марија била погребана во септември.

    Сепак, случајот сè уште не е целосно затворен.

    „Во тек се дополнителни вештачења со цел да се утврди дали станува збор за природна или насилна смрт“, вели изворот.

    Марија исчезнала во раните утрински часови на 29 октомври 2020 година. Според тогашните информации, таа сама го напуштила домот пред останатите членови на семејството да се разбудат. Со себе понела торба.

    Не било познато со сигурност што носела на себе, но нејзиното семејство претпоставувало дека имала црвена зимска јакна.

    Нејзините најблиски тогаш велеле дека ништо не укажувало дека Марија планира да замине или да го прекине контактот со семејството.

    Два дена пред исчезнувањето раскинала со момчето, но никој од нејзиното опкружување не очекувал дека тоа ќе биде почеток на повеќегодишна потрага.

    Во тој период била невработена, но наскоро требало да започне да работи како медицинска сестра, во својата струка.

    Семејството постојано се обидувало да стапи во контакт со неа. Повиците останувале без одговор, а од нејзиниот телефон не пристигнала порака која би можела да помогне во нејзиното пронаоѓање.

    „Се јавувавме, прашувавме, но ништо не укажуваше дека таа едноставно би заминала“, изјавила тогаш нејзината сестра.

    По речиси шест години неизвесност и надеж дека Марија е жива, потрагата заврши со најтажниот можен исход.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

    08.10.2026 во 08:43

    Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања

    08.10.2026 во 08:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.