Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода 35-годишниот Ј.А. од Велес, кој е осомничен за кражба на разни предмети од гаража во сопственост на 50-годишен жител на градот.
Според информациите од полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

