Close Menu
Press24
    Најново

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје 2028: Потпишан Меморандум за соработка со Францускиот институт за развој на културната сцена
    • Нови 2.000 вработувања во Жабени: „Кромберг и Шуберт“ ќе произведува компоненти за Ауди
    • Врнежите од дожд ќе преминат во снег – УХМР со најнова прогноза
    • Наумоски: Тошковски да поднесе оставка, правда нема и никој не одговара
    • СДСМ против нови рудници на истокот: Ристовска бара итно повлекување на Нацрт-планот за просторно планирање
    • Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија
    • Јаневска за Меѓународниот ден на белиот стап: Го зголемуваме бројот на образовни асистенти и ја подобруваме инклузивноста
    • Утре ќе нема струја четири часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје 2028: Потпишан Меморандум за соработка со Францускиот институт за развој на културната сцена

    Скопје 2028: Потпишан Меморандум за соработка со Францускиот институт за развој на културната сцена

    15.10.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Град Скопје и Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ официјално започнаа значајно стратешко партнерство со Францускиот институт, со цел да се отвори патот кон европската културна сцена и да се создадат нови можности за уметниците и младите.

    Денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Фондацијата и Францускиот институт, под високо покровителство на Град Скопје, на настанот на кој присуствуваа амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, и директорот на Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“, Марјан Цветковски.

    Скопје има дух, има талент и има приказна што заслужува да ја види и слушне цела Европа. Наша обврска е да создадеме можности таа приказна да го добие своето вистинско место! – изјави Орце Ѓорѓиевски.

    Партнерството овозможува заеднички уметнички продукции, размена на уметници и експерти, како и развој на културните и креативните индустрии. Посебен фокус ќе биде ставен на соработката со францускиот град Бурж, со кој Скопје во 2028 година ја споделува титулата Европска престолнина на културата, како и на реализацијата на „Француска сезона во Скопје 2028“.

    За мене, успехот на Скопје 2028 ќе се мери и со можностите што ќе ги создадеме за младите, со поддршката за нашите уметници и со културата што ќе стигне до секој граѓанин. Сакам оваа титула да остави трајна вредност во животот на нашиот град! – истакна Ѓорѓиевски, упатувајќи благодарност до амбасадорот Ле Риголер и сите партнери за поддршката.

    Прочитај повеќе

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија

    15.10.2026 во 11:49

    Утре ќе нема струја четири часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    15.10.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.