Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Од УХМР најавија дека во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.


