Владата работи на создавање услови за деблокирање на евроинтегративниот процес и продолжување на патот кон Европската Унија, при што членството останува стратешка цел на државата, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Арбана Пашоли од Европскиот фронт.
Мицкоски нагласи дека во однос на европската перспектива на државата нема промена на стратешката определба.
Тој посочи дека Владата води дијалог со Бугарија, а во тој процес понуди директно да биде вклучена и опозицијата.
Премиерот упати јавен повик до опозициските партии да предложи свои претставници кои би биле дел од тимот задолжен за разговорите со источниот сосед.
Осврнувајќи се на актуелната состојба во евроинтеграциите, Мицкоски оцени дека сегажниот застој е резултат на политиките што ги водеше претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Тој додаде дека актуелната Влада во моментов работи на промена на перцепцијата кај европските партнери, со цел да се создаде простор за деблокирање на процесот и придвижување на земјата кон следните фази од преговорите со Европската Унија.

