Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите
    • Герасимовски за ДУП „Барутана“: Нема на сила носење план, во постапката за Водно се намалува градењето за 33 проценти
    • Скопјанка преживеала хорор: „Кога се вратив, вратата беше разбиена и блокирана со стол, внатре имаше лице кое ме нападна и побегна со парите“
    • Со компјутерска измама бесплатно користил паркинг во Тетово – уапсен 22-годишник од Мала Речица
    • Суспендиран полицаец – пукал на плоштад во Кратово
    • Јотова: Каде сè се немам јавено за Ива Михаилова
    • Бугарија веќе подолго време е прибежиште за македонските криминалци
    • Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат целосно расветлување на трагедијата: Зошто е дозволен концертот без документација?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите

    Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите

    14.10.2026 во 14:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата доцни со сервисирање на долговите кон стопанството, а дополнително со ребалансот на буџетот ја намалува поддршката за малите и средните претпријатија, нагласи пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата. Во отсуство на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Битиќи упати прашање до заменик-министерот Николче Јанкуловски, од кој побара да одговори колку изнесува тековниот долг на јавните субјекти, односно на државата, кон приватните компании и одделно колкав е износот што државата им го должи на компаниите по основ на поврат на ДДВ?“

    Битиќи предупреди дека домашното стопанство е притиснато од две страни – недоволна системска поддршка за освојување нови пазари и предолго чекање за наплата на веќе сработеното. Тој додаде дека извештаите на Министерството за финансии покажуваат раст на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои од март до јуни 2026 година се зголемиле за 1,1 милијарда денари, односно околу 17,6 милиони евра. Вкупниот износ на неподмирени обврски во јуни достигнал приближно 694 милиони евра.

    „Извештаите на Министерството за финансии покажуваат дека доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти пораснале од 41,6 милијарди денари во март 2026 година на 42,7 милијарди во јуни 2026 година. За три месеци се наталожиле дополнителни 1,1 милијарда денари, односно околу 17,6 милиони евра. Вкупно, јунската состојба со неподмирени обврски достигна приближно 694 милиони евра“, рече Битиќи.

    Тој предупреди дека, наместо со ребалансот на буџетот да се помогне на приватниот бизнис како еден од двигателите на економијата, Владата не ја зголемува финансиската поддршка за инвестиции, а истовремено ги намалува средствата наменети за развој на малите и средните претпријатија.

    „Дополнително, сега, кога со октомврискиот ребаланс ја прераспределувате буџетската поддршка, имате можност да покажете сензибилност за притисокот врз домашните компании. Но, програмата Д-9, финансиска поддршка на инвестиции, останува на само 1 милијарда денари, без зголемување во однос на тековниот буџет, а поддршката за развој на малите и средните претпријатија ја намалувате во предлогот од 15,3 на 10,3 милиони денари, што е речиси за една третина.Неплатените обврски растат, а при сегашното прекројување на буџетот дополнително ја стеснувате поддршката за дел од стопанството“, рече Битиќи.

    Дополнителен проблем за компаниите, како што кажа Битиќи, е доцнењето на повратот на ДДВ, поради што фирмите чекаат пари што законски им следуваат, а кои им се неопходни за редовно работење, ликвидност и нови инвестиции. 

    „Според моите сознанија, во различни периоди компаниите чекаат од Владата помеѓу 50 и 100 милиони евра поврат на ДДВ. И моето прашање е колку изнесува тековниот долг на јавните субјекти, односно на државата, кон приватните компании и, одделно, колкав е износот што државата им го должи на компаниите по основ на поврат на ДДВ?“, рече Битиќи.

    Прочитај повеќе

    Спасовски со пратенички прашања до Хоџа: До каде е депонијата „Краста“ и што се случува со ископот на песок во Шупли Камен?

    14.10.2026 во 13:40

    Талески: Земјоделството колабира поради ниските цени и високите трошоци, СДСМ предложи 4 милијарди денари поддршка

    14.10.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.