Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека најважно во случајот со Ива Михајлова е таа да биде добро прегледана и да добие соодветна помош.
„Немаме време да ги набројувам сите институции до кои се обратив, но стигнав дури и до Високиот комесар на ОН за човекови права, за да го запознаам со случајот и на некаков начин да ја заштитам“, изјави Јотова.
Таа не прецизираше какви конкретни чекори ќе преземат бугарските институции во продолжение.
„А какви чекори понатаму ќе преземе бугарската држава, ќе бидете информирани“, рече Јотова.

