Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • До 5.000 евра казна за „дрифтување“ и 3.000 евра за возење тротинет – Регионот драстично ги заострува сообраќајните казни
    • Кривична пријава за момче од Зајас: Послужил алкохол на малолетник, детето заврши во болница
    • Пронајден починат скопјанец во селото Зрзе, телото дадено на обдукција
    • Спасовски со пратенички прашања до Хоџа: До каде е депонијата „Краста“ и што се случува со ископот на песок во Шупли Камен?
    • Ужас ја потресе Македонија: Едногодишно дете од Куманово се затруло со детергент
    • Талески: Земјоделството колабира поради ниските цени и високите трошоци, СДСМ предложи 4 милијарди денари поддршка
    • АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
    • Кичевчанец со автомобил се забил во бетонски столб – две лица пренесени во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До 5.000 евра казна за „дрифтување“ и 3.000 евра за возење тротинет – Регионот драстично ги заострува сообраќајните казни

    До 5.000 евра казна за „дрифтување“ и 3.000 евра за возење тротинет – Регионот драстично ги заострува сообраќајните казни

    14.10.2026 во 13:532 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Возачите во Хрватска наскоро ќе се соочат со значително построги сообраќајни казни, според новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што ги презентираше хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ. За најтешките прекршоци се предвидени казни и до 5.000 евра, како и можност за затворска казна.

    Најстрогите санкции се предвидени за организирање и учество во нелегални улични трки и опасно изведување маневри. Казните за ова дедење се движат од 2.000 до 5.000 евра, а вклучуваат и затворска казна до 60 дена, привремено одземање на возилото и забрана за управување. Санкции ќе има и за снимањето и објавувањето на ваквите опасни маневри на сообраќајните мрежи.

    „Јавните патишта не се тркачки патеки, а безбедноста на граѓаните не е место каде некој може да се докаже. Оние кои сакаат да се тркаат, за тоа има патеки“, истакна Божиновиќ, додавајќи дека МУП нема ништо против ентузијастите за автомобили, туку против оние кои ги загрозуваат другите.

    Построги правила се воведуваат и за користењето на електричните тротинети. Родителите или старателите кои ќе им дозволат на деца под 14 години да управуваат со тротинет се соочуваат со глоба од 1.000 до 3.000 евра. Казната за возење без заштитна кацига и за неправилно движење се зголемува на 100 евра, а се воведува и задолжителна регистрација.

    „Тротинетот не е играчка и може да предизвика сериозни повреди, па дури и смрт. Родителската одговорност не завршува со купувањето на тротинетот, туку само почнува“, рече министерот.

    Со измените се предвидува и казна од 300 евра за опасно паркирање со кое се загрозува сообраќајот или се блокираат пристапите за итните служби и лицата со попреченост. Казната за некористење сигурносен појас и за неправилно превезување деца се покачува од 130 на 200 евра.

    Законот исто така се усогласува со европските правила за прекугранична размена на податоци за прекршоци, со цел изречените казни да се наплаќаат без разлика од која земја доаѓа возачот.

    „Нашата цел не е да собираме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи и помалку повреди“, заклучи Божиновиќ, посочувајќи дека минатата година на хрватските патишта загинале 261 лице.

    Прочитај повеќе

    Се обидел да украде кабли од трафостаница, а потоа следел ужас: Tешко повреден тинејџер

    14.10.2026 во 11:23

    Лажни електричари одзедоа над 600.000 евра, со чекан кршеле ѕид за да земат готовина – голема измама во Атина

    14.10.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.