Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја поддржа одлуката за испраќање 32 припадници на Армијата во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и ја проследи до понатамошна собраниска постапка.
На денешната 52. седница, министерот за одбрана Владо Мисајловски образложи дека станува збор за шестмесечен ангажман, кој треба да започне во ноември 2026 година и да трае до мај 2027 година.
„Сите трошоци се обезбедени во буџетот на Министерството за одбрана“, појасни Мисајловски.
Предлог-одлуката сега продолжува во собраниската процедура.

