Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лажни електричари одзедоа над 600.000 евра, со чекан кршеле ѕид за да земат готовина – голема измама во Атина
    • (ФОТО) Се реконструираат улици во Мршевци и Илинден, градоначалникот Георгиевски изврши увид
    • Падна опасен клан во соседството – Уапсени осомничени за ликвидација
    • Четири хороскопски знаци ќе ги решат финансиските проблеми во ноември
    • Предупредување од УХМР: Издаден метео-аларм за денеска
    • Лоши вести утрово: Цената на нафтата се зголемува
    • Една година од смртта на Панчо од ДНК – Трагедијата во Кочани остави неизбришлива болка
    • ВМРО-ДПМНЕ: Осуден доктор од СДСМ и потпишал на Михаилова дека треба да се лечи во Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лажни електричари одзедоа над 600.000 евра, со чекан кршеле ѕид за да земат готовина – голема измама во Атина

    Лажни електричари одзедоа над 600.000 евра, со чекан кршеле ѕид за да земат готовина – голема измама во Атина

    14.10.2026 во 11:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Измамници кои се претставувале како вработени во грчкиот оператор за дистрибуција на електрична енергија ХЕДНО успеале да измамат три жени од побогатите предградија на Атина за само 24 часа, одземајќи им пари и накит во вредност од над 600.000 евра, соопшти грчката полиција.

    Сторителите ги плашеле жртвите со предупредувања за наводен ризик од пожар, струен удар или прекин во снабдувањето поради долг. Портпаролката на грчката полиција, Констанција Димоглиду, изјави дека осомничените го повторуваат истиот модел на измами за да ги добијат парите и накитот од своите жртви.

    За само еден ден, две жени од престижното атинско предградие Психико станале мета на измамата. Во едниот случај, измамниците изнудиле пари и накит вредни околу 100.000 евра, додека во вториот ја убедиле жртвата да им ги предаде вредностите поради наводен долг за струја.

    Третата жртва била 89-годишна жена од предградието Марусија. Откако дознале дека ги чува парите скриени во ѕидот на една соба, измамниците со чекан го скршиле ѕидот и однеле 20.000 евра во готовина.

    Грчката полиција информираше дека во текот на изминатата недела се уапсени осум лица осомничени за учество во криминална организација со сличен начин на делување. Групата изнудила повеќе од 800.000 евра во 22 регистрирани случаи на измама.

    Полицијата апелира до граѓаните да не предаваат пари или накит на непознати лица и секогаш да го проверуваат идентитетот на наводните теренски работници преку официјалните канали на операторите.

    Прочитај повеќе

    Падна опасен клан во соседството – Уапсени осомничени за ликвидација

    14.10.2026 во 10:43

    Малолетник удрил во полициски возила и повредил четири полицајци, судијата не одреди притвор – драма во Врање

    14.10.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.